Корупцијата не се исплати

КОЈ ПРИЈАВУВА
КОРУПЦИЈА?

Корупција може да пријави секој граѓанин кој посведочил корупција, од кого било побарано да учествува во коруптивно дејство или има информации за случување на коруптивно дејство и истите може да ги поткрепи. Корупција може да пријави секој државен службеник во случај ако забележи несовесно, коруптивно однесување од вработените во институцијата, судир на интереси и се што може да го оштети државниот буџет за лична корист.

ДАЛИ ПРИЈАВУВАЊЕТО Е БЕЗБЕДНО?

Пријавувањето на корупција е безбедно и корисно за сите нас. Државата има обезбедено повеќе механизми и донесено закони со кои се осигурува безбедноста на храбрите граѓани кои ја пријавуваат коруцпијата. Повторуваме – секој чекор е превземен за никој во ниту еден момент да не се почувствува загрозен. Пријавувајте го секој сомнеж за коруптивно дејство.

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА:

ДКСК

Државна комисија за спречување на корупцијата

ЈООКК

за гонење на организиран криминал и корупција

МВР

Министерство за внатрешни работи

ЦАРИНА

Царинска управа

ТИ

Транспаренси Интернешнл Македонија

ЗА КАМПАЊАТА

BezKorupcija.com е дел од кампањата “Сега се е јавно – Корупцијата не се исплати” и претставува твој водич и партнер за тоа како заеднички да изградиме општество без корупција.

Овде можеш да ги најдеш потребните информации за активно вклучување во борбата против корупцијата